Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави со работна средба во MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работи директно за владата на САД во областа на кибербезбедноста и управува со повеќе FFRDC-центри (Federally Funded Research and Development Centers).
Како што информира Министерството за дигитална трансформација, на средбата се разговарало за теми од клучно значење за современата држава и развојот на безбедна дигитална инфраструктура, меѓу кои вештачка интелигенција и нови технологии, со фокус на доверливост и валидација, кибербезбедност и национална киберотпорност за заштита на критична инфраструктура и државни платформи, дигитално управување и менаџмент на податоци за институционална дигитална зрелост и интероперабилност, како и области со високи безбедносни стандарди – авијација, безбедност и здравствен систем.









