Општина Струмица преку соопштение до јавноста ги повикува граѓаните да достават пријави за штети настанати како последица на излевање на реки од нивните речни корита на 26.01.2026 година и 27.01.2027 година во населените места на територијата на Општина Струмица.
Сите граѓани кои претрпеле штети треба да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица, во периодот од 02.02.2026 до 10.02.2026 година.
Образецот на Барањето може да се подигне во соба број 7 во просториите на Општина Струмица, а ќе биде достапен и за преземање преку линк објавен на официјалната веб-страница на општината.
Барањето задолжително треба да биде поднесено со комплетна документација, која вклучува:
Имотен лист на име на барателот (не постар од 6 месеци), договор за закуп (доколку постои право на закуп) или решение за оставинска постапка;
Изјава заверена кај нотар дека објектот или имотот не е осигуран во осигурителна компанија;
Копија од лична карта и трансакциска сметка на барателот;
Доказ за оштетениот или уништениот имот – објектот мора да биде запишан во Имотен лист; земјоделското земјиште како нива, а овоштарникот како овоштарник. Во спротивно, барањето нема да биде разгледувано и нема да се врши процена на штетата.
Од Општина Струмица информираат дека Комисијата ќе постапува по поднесените барања согласно важечките законски прописи.









