9.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаФилипче од Загреб: Владата ја закочи Македонија на патот кон ЕУ

Филипче од Загреб: Владата ја закочи Македонија на патот кон ЕУ

- Advertisement -spot_img

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Загреб се обрати на Конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП), кој е посветен на подготовка на новата програма и стратегија во пресрет на следните парламентарни избори.

Во своето обраќање, Филипче потенцираше дека победата на СДП Хрватска ќе значи победа за сите социјалдемократи во регионот, но и силен знак дека социјалдемократијата е најсилна токму кога нападите кон неа се најжестоки, посакувајќи партијата да биде носителот на факелот на слободата, правдата и солидарноста.

„СДП е единствената кредибилна левичарска партија во Хрватска која има политики за сите сегменти битни за функционирањето и развојот на општеството, со цел економски развој за сите граѓани, а не само за олигархиите“, истакна Филипче. Тој додаде дека за СДСМ, успехот на хрватските колеги ќе биде пример кој ќе се следи во борбата за враќање на Северна Македонија на патот на демократијата и социјалната правда, изразувајќи импресии од нивната нова економска и даночна политика.

Говорејќи за антифашизмот како темел на социјалдемократите, Филипче се осврна на состојбата дома, предупредувајќи на интензивните авторитарни тенденции и притисоци врз синдикатите и граѓанските организации.

„Лажниот патриотизам на нашиот премиер и влада е само параван зад кој се крие заштитата на криминалните и клиентелистички мрежи проследено со интензивен притисок врз правосудниот систем“, рече Филипче.

На крајот, тој посочи дека Македонија е закочена во процесот на интеграција во ЕУ, обвинувајќи ја владата дека го напуштила широкиот консензус за ова прашање под изговор дека е загрозен националниот идентитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img