6.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМакедонската заедница во Албанија поднесе тужба против одлуката на Владата за отворање...

Македонската заедница во Албанија поднесе тужба против одлуката на Владата за отворање мигрантски центри во Пустец

- Advertisement -spot_img

Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) поднесе тужба до Управниот суд во Тирана поради одлуката на албанската Влада да отвори три прифатни центри за мигранти на територијата на Општина Пустец, каде што живее значајно македонско национално малцинство.


МАЕИ бара да се поништи или да се исклучи општина Пустец од државниот план за мигрантски центри, со образложение дека одлуката е донесена без учество на локалните власти и без јавна расправа со населението. Според партијата, ова решение не ги почитува правата на локалната заедница и е во спротивност со конституционалните и законските прописи за заштита на националните малцинства.


Одлуката на Владата предвидува отворање три центри за прием на мигранти од земји како Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и други, кои ја користат Албанија како транзитна рута кон Европската Унија.


МАЕИ тврди дека овие центри би можеле негативно да влијаат на безбедноста, демографската стабилност и развојот на регионот, како и на правата на македонската заедница. Партијата најави дека ќе ја продолжи правната и институционалната борба за заштита на правата и достоинството на македонската заедница во Албанија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img