10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБитолскиот дувачки оркестар останува столб на културната сцена во Битола и во...

Битолскиот дувачки оркестар останува столб на културната сцена во Битола и во 2026 година

- Advertisement -spot_img

На тркалезната маса која ја организираше Општина Битола за културните случувања во 2026 година, а кои се дел од годишната Програма за култура, Марјан Бакревски истакна дека Битолскиот дувачки оркестар со континуираната поддршка од Општина Битола продолжува со нови концерти и во годината пред нас.

Битолскиот дувачки оркестар, по своето обновување, за првпат концертно настапи во рамки на „Битолско културно лето” во 2015 година. Од тогаш до денес, Општина Битола континуирано излегува во пресрет на потребите на оркестарот, обезбедувајќи логистичка и финансиска поддршка, согласно можностите и програмските активности, велат од Битолскиот дувачки оркестар.

Оркестарот во своето делување секогаш настојува да им понуди на граѓаните културна содржина која го надминува формалниот обем на поддршката. Независно од финансиските услови, концертите на Битолскиот дувачки оркестар се реализираат на највисоко професионално ниво. Иако квалитетот во уметноста е тешко мерлив, оркестарот континуирано се позиционира рамо до рамо со релевантните музички институции во државата.

Програмската политика на оркестарот се темели на оригиналност и разновидност – секој концерт е нов, концепциски различен и неповторлив.

Битолскиот дувачки оркестар ги поканува своите редовни слушатели, како и сите оние кои досега немале можност да ги посетат нивните концерти, во февруари да присуствуваат на репризниот концерт „Најдобрите детски песни од 90-тите”, кој минатата година ја исполни концертната сала до последното место, како и во април на концертот „Битсли во Битола”.

Фотографии: Битолски дувачки оркестар

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img