10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Приходите од концесии достигнаа историско ниво со раст од 218%

Божиновска: Приходите од концесии достигнаа историско ниво со раст од 218%

- Advertisement -spot_img

Во 2025 година е остварена историски највисока наплата од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини, која изнесува 1.223.455.203 денари, што претставува раст од 218 проценти во однос на 2024 година, соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Според неа, ваквиот резултат е директен ефект од засилените инспекциски контроли, јасната одговорност што им е наметната на концесионерите, новиот Тарифник кој стапи во сила од 1 јануари 2025 година, како и подобрената координација со општините. Наплатата, како што посочи Божиновска, е повеќе од дуплирана, што е јасен показател дека системот функционира поефикасно и поправично.

Зголемените приходи од концесии значат и поголеми буџети за општините, повеќе инвестиции во комуналната инфраструктура, поддршка за енергетската транзиција и дополнителни средства за заштита на животната средина.

Божиновска истакна дека природните ресурси мора да носат конкретна корист за граѓаните и дека со транспарентен, одговорен и одржлив пристап е можно тие да се управуваат во интерес на јавноста.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img