5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМеџити: Реконструкција на Владата се очекуваат кон крајот на март

Меџити: Реконструкција на Владата се очекуваат кон крајот на март

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Чаир и воедно еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, ја најави можноста за реконструкција на Владата кон крајот на месец март.

Во интервју за ТВ21, Меџити истакна дека политичката и владејачката динамика бара ваков процес, нагласувајќи дека претходно ќе се направи детална анализа на работата и резултатите на министрите кои доаѓаат од редовите на ВЛЕН.

„Динамиката бара да се направи реконструкција на Владата. За да се зборува за успехот и достигнувањата на министрите од редовите на ВЛЕН, потребна е подлабока анализа“, изјави Меџити.

Меџити додаде дека прашањето за реконструкцијата ќе се разгледува во рамки на седницата на извршниот совет на ВЛЕН, каде најпрво ќе има отчетност, а потоа ќе се донесе конечна одлука во врска со евентуалните промени во составот на Владата.

Според Меџити, одлуките што ќе се донесат ќе се темелат на оценката на перформансите и на потребата за зголемување на ефикасноста на владеењето.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img