5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаКоњановски: Изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ влегува во завршна фаза

Коњановски: Изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ влегува во завршна фаза

- Advertisement -spot_img

Во кабинетот на градоначалникот на Битола денеска се одржа координативен состанок за завршување на изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер.

Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски ја одржаа оваа координација со претседателот на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, Диме Попов, Гоце Стојаноски директор на фирмата изведувач на градежните работи „Стентон градба“ фирма ангажирана од ПСК „Пелистер“, кој исто така го ангажира и надзорот над изведбата и директрот на ЕСМ Молика, Горан Исков.

Беше кажано дека 90 проценти од бетонско-армирачките работи и кровот се завршени, а остануваат да се работат дел од фазите архитектура, водовод, канализација и електрика.
Планот е домот да биде завршен во октомври оваа година, по што ќе остане само опремувањето на собите ( хотелскиот дел ), што ќе се случи во текот на 2027 година.

ЕСМ Молика, годинава го промовираше и ноќното осветлување на скијачките терени, а во континуитет работат на осовременување на ски терените на Копанки и имат одлична соработка и со планинарскиот клуб и со Општина Битола, со цел битолчани и другите љубители на планината и зимските спортови да имаа убави места за рекреација.

Општината ја истакна својата голема посветенот и поддршка во реализацијата на изградбата на домот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img