5.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМенди Ќура: за 10 дена започнуваме со реконструкција и пешачко-велосипедска патека во...

Менди Ќура: за 10 дена започнуваме со реконструкција и пешачко-велосипедска патека во Езерски Лозја

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со тимот на Општина Струга, инженерскиот тим на проектната единица за реализација на проектот „Подобрување на локалната патна инфраструктура во избрани општини – дел 2“, како и претставници од Единицата за имплементација на проекти од Светска банка при Министерството за транспорт, во рамки на проектот Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project, остварија работна средба и теренска посета на локацијата на планираните активности. 

Проектот опфаќа реконструкција на улица во населбата Езерски Лозја, на потегот од Автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска, со што е предвидена: 

– реконструкција на постојната сообраќајница;

– изградба на пешачка и велосипедска патека, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. 

Целта на состанокот беше идентификување на потенцијалните предизвици на терен и изнаоѓање соодветни решенија, со цел навремено и квалитетно започнување на градежните работи. 

Се очекува градежните активности да започнат во наредните 10 дена. 

Општина Струга продолжува со конкретни чекори во насока на унапредување на локалната патна инфраструктура и создавање побезбедна и пофункционална средина за сите граѓани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img