домаМакедонијаСопственикот на барот во Швајцарија каде загинаа 40 лица е ослободен со...

Сопственикот на барот во Швајцарија каде загинаа 40 лица е ослободен со кауција

- Advertisement -spot_img

Судот одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и секојдневно јавување во полиција за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по пожарот во кој загинаа 40 лица.

Сопственикот на швајцарскиот бар кој изгоре за Нова година ќе биде пуштен на слобода откако ќе биде платена кауција, соопшти денес надлежниот суд. Во трагичниот пожар загинаа 40 лица, а повеќе од 100 се повредени, пишува Ројтерс.

Жак Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага поради сомнение за извршување на повеќе кривични дела, меѓу кои и убиство од небрежност.

Морети беше приведен на 9 јануари поради опасност од бегство. Двајцата изразиле жалење поради трагедијата и ветиле соработка со обвинителството.

Како мерки за спречување бегство, судот одреди кауција во износ од 200.000 швајцарски франци (253.485,42 американски долари) и обврска за секојдневно јавување во полициска станица, се наведува во соопштението.

Швајцарските обвинители претходно денес информираа дека спровеле две сослушувања со сопствениците на барот, кои во моментов се единствени осомничени во случајот.

Секое сослушување траело повеќе од десет часа и опфатило прашања поврзани со безбедноста и преуредувањето на барот „Le Constellation“. Обвинителството соопшти дека биле наложени и претреси, биле собрани докази и запленет имот.

Извор: Слободен Печат

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img