6.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаФилков: Случајот со судијата Ристов не е само скандал тоа е симбол...

Филков: Случајот со судијата Ристов не е само скандал тоа е симбол на длабока системска слабост

- Advertisement -spot_img

Предмети со висока корупција стојат со години без разрешница и кога очигледни сомнежи не добиваат институционален одговор тогаш граѓаните со право прашуваат каде е правдата, изјави денеска министерот за правда Игор Филков, посочувајќи и на случајот со судијата Ѓоко Ристов кај кого беа пронајдени 350 000 евра, односно во домот на неговите родители.

Филков посочи дека состојбата во правосудството не ги дава резултатите што граѓаните со право ги очекуваат од институциите задолжени за спроведување на правдата.

Игор Филков-министер за правда

„Случајот со апелациониот судија, кај кого беа пронајдени 350 000 евра скриени заѕидани во ѕид не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост, симбол на култура на неказнивост, молк и меѓусебна заштита што предолго ја разјадува довербата во правосудниот систем. Овој случај дополнително ја нарушува довербата во целото судство и ја доведува под сомнеж функцијата-судија која треба да е во служба во интерес на граѓаните и правдата, а не да е привилегија.“

Пред два дена на брифинг со новинарите, предметната обвинителка Искра Хаџи Василева од ОЈОГОКК, кажа дека судијата Ѓоко Ристов подолго време бил под лупа на истражителите. Кога се случувале проверките во домот на родителите на судијата, цемент со потазе структура и различна фуга во плочките биле елементите на сомнеж дека парите се во внатрешноста од ѕидот. Родителите се правдале дека парите биле нивни спечалени од лозје, но нивниот одговор не бил убедлив за обвинителката.

Судијата Ристов заврши во куќен притвор, откако Судски совет на вонредна седница одлучи да му го одземе имунитетот. По барање на Обивнителство одземен му е пасошот, а издадена е и забрана за вадење на нов.

Филков денеска потенцираше дека за 2025 година, истражувањата за перцепција на корпуција изработен од Македонскиот центар за меѓународна соработка покажува дека 79% од граѓаните сметаат дека судиите се вклучени во корупција, додека пак, околу 74% од граѓаните сметаат дека обвинителите се вклучени во корупција.

Министерот најави дека поднел барање до Финансии за одобрување на нови вработувања во судска и во јавнообвинителската служба.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img