домаРегионНови реакции за автентичноста на скелетот на царот Самоил што Грција ѝ...

Нови реакции за автентичноста на скелетот на царот Самоил што Грција ѝ го испорача на Бугарија

- Advertisement -spot_img

Цар Самуил, повеќе од 1.000 години по неговата смрт, повторно е во фокусот на светската јавност. По византиските хроничари, средновековниот владетел сега е предмет на внимание и на современите медиуми, по враќањето во Бугарија на останките кои му се припишуваат.

За церемонијата на предавањето, положувањето и свеченостите поврзани со останките известува и француската новинска агенција АФП. Таа користи особено внимателна формулација, пишувајќи за „останки од она што можеби е цар Самуил“, со што остава отворено прашање околу дефинитивната идентификација.

АФП: „Повеќе од 1.000 години по неговата смрт, останките за кои се претпоставува дека се на цар Самуил, еден од последните големи владетели, се враќаат „дома“, пишува, меѓу другото, АФП.

И американската новинска агенција Асошиејтед прес ја користи формулацијата „останки на средновековниот владетел цар Самуил“. Сепак, во поширокиот контекст на меѓународното известување останува отворено прашањето за научната потврда на идентификацијата.

АСОШИЕЈТЕД ПРЕС: „Останките кои се идентификуваат како останки на цар Самуил пристигнаа во Бугарија, но нема дефинитивна генетска потврда на оваа идентификација“, стои во дел од текстот.

Сомнежи околу идентификацијата изразуваат и дел од експертите. Универзитетскиот професор и историчар Стојко Стојков, во изјава за Телевизија 24, оценува дека прашањето за тоа дали останките навистина му припаѓаат на средновековниот владетел е во сенка на политичките и националните интерпретации во Бугарија.

Свој став за Бугарското национално радио изнесе и универзитетскиот професор и историчар Александар Атанасовски. Тој вели дека не постои доказ со кој може да се потврди дека човечките останки пренесени од Грција во Бугарија му припаѓаат на Самуил, а изразот дека владетелот „се враќа“ во Бугарија го оценува како историски проблематичен.

Размената меѓу Грција и Бугарија не помина без реакција ниту кај нашиот јужен сосед. Катимерини известува за реакции од кругови кои ја оспоруваат идентификацијата на останките.  Прото Тема, пак, прецизира дека идентификацијата се темели на археолошки и историски докази, бидејќи на гробот не е пронајден натпис со името на Самуил 

Реакции има и во Бугарија. На социјалните мрежи дел од граѓаните поставуваат прашања околу научната потврда на идентификацијата и укажуваат дека без ДНК анализа не може дефинитивно да се потврди дека станува збор за останките на цар Самуил.

Дополнителни прашања отвори и бугарскиот историчар Горан Благоев, кој изнесе тврдења за содржината на договорот меѓу Грција и Бугарија и за предметите што биле предадени во рамките на договорот. Благоев тврди дека меѓу предметите што Бугарија ѝ ги предала на Грција се наоѓа и значајна реликвија поврзана со Охрид, а не со Северна Грција. 

ГОРАН БЛАГОЕВ, ИСТОРИЧАР: „Како меѓу предметите што Бугарија ѝ ги даде на Грција од Драмско и Серско, во музејот во Солун се најде и моќехранилница од… Охрид?! Зошто бугарската јавност не дозна што конкретно ѝ вративме на Грците? И како тоа овие експонати се дадени само на користење? Владата на Радев, министерот за култура Милошев и директорката на НИМ, Бони Петрунова, должат објаснување. Зашто работите мирисаат на потреба од интервенција на истражните органи“, изјавил Благоев.

Инаку, грчкиот археолог Николаос Муцопулос во 1960-тите години го истражувал островот Ахил, каде што во базиликата „Свети Ахил“ открил четири гроба. Во еден од нив бил пронајден добро сочуван скелет на возрасен маж, висок околу 1,60 метри, со остатоци од богата свилена ткаенина и траги од тешка стара повреда на левата рака.

Муцопулос сметал дека станува збор за цар Самуил, поврзувајќи ги археолошките наоди со историските податоци за владетелот. Сепак, идентификацијата се темели на археолошки и антрополошки индиции, а не на дефинитивна генетска потврда.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img