8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска: Знаењето и стручното образование го градат енергетскиот систем на Македонија

Божиновска: Знаењето и стручното образование го градат енергетскиот систем на Македонија

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го посети Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, каде што се запозна со условите во кои учениците се обучуваат за идните професии во енергетскиот сектор.

Божиновска истакна дека современите лаборатории и практичната настава се клучни за подготовка на квалитетни кадри, нагласувајќи дека токму вакви млади луѓе ѝ се потребни на државата за да обезбеди стабилен, модерен и одржлив енергетски систем.

„Енергетската транзиција не се случува сама од себе. Таа почнува во училниците, со знаење, со стручно образование и со млади кадри подготвени да ја носат одговорноста утре“, порача министерката.

Таа додаде дека Министерството активно вложува во поврзување на образованието со реалните потреби на енергетиката, преку директна комуникација со учениците и поддршка на стручното образование.

„Без млади кадри – нема енергетска транзиција“, истакна Божиновска, посочувајќи дека учениците кои денес се обучуваат во вакви услови се иднината на македонската енергетика.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img