10.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБожиновска го поздрави стартот на проектот ПУЛС за родова рамноправност во енергетиката

Божиновска го поздрави стартот на проектот ПУЛС за родова рамноправност во енергетиката

- Advertisement -spot_img

Со поздравно обраќање од претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер, официјално беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, посветен на јакнење на улогата на жените и унапредување на родовата инклузивност во енергетскиот сектор.

Настанот се одржа во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која го поздрави стартот на проектот и истакна дека ваквите иницијативи се клучни за градење порамноправна, поиновативна и поотпорна енергетска иднина.

Претседателката на Надзорниот одбор на ЕВН Македонија, г-ѓа Александра Витман, преку видео обраќање потврди долгорочна посветеност на ЕВН Групацијата кон родовата еднаквост и разновидност како двигател на развојот во енергетскиот сектор.

Проектот ПУЛС, презентиран од г-ѓа Анета Петровска-Русомароски, раководител на Одделот за иновации, одржливост и заштита на животната средина во ЕВН Македонија, опфаќа менторство, инклузивно лидерство, регионални и меѓународни соработки и создавање мрежа на жени.

Настанот беше заокружен со дискусија со проф. д-р Сашко Кедев, кој испрати порака за истрајност, храброст и лична и колективна одговорност. Проектот ПУЛС ја потврдува заложбата на ЕВН да биде активен двигател на позитивни промени, градејќи енергетски сектор во кој еднаквоста е темел за одржлива иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img