Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се апелира на зголемена внимателност при управување со возилата.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и постојано се на терен, каде со соодветна механизација и работна сила се врши расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат активности за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од возачите се бара задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот. Надлежните препорачуваат и редовно информирање преку информативните центри за состојбата на државните патишта.

Координираните активности на институциите ќе продолжат и во наредниот период со цел одржување на безбедноста и нормалното функционирање на сообраќајот.

.

.

.