Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО за началници на генералштабови.
На состанокот ќе учествуваат началниците на генералштабовите на 32 земји членки на НАТО како и претставници на Грузија и Украина.
Во Советот ќе се дискутира за безбедносната состојба и поддршката на Алијансата кон Украина, вклучително и обука и анализа.
Генералот Лафчиски ќе реализира билатерални средби со началникот на Генералштабот на Унгарија и со припадниците на Армијата во НАТО штабот во Брисел.








