Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари работна посета на ЈКП „Нискоградба“ каде што се сретна со директорот Зоран Талевски. На средбата се разговараше за тековното работење на претпријатието, вклучувајќи ја подготвеноста на зимската служба, екипираноста и техничката исправност на возниот парк пред претстојната сезона.
Директорот Талевски го информираше градоначалникот и за активностите кои се планирани за градежната сезона, со проекти што ќе се реализираат како дел од општинските задачи и со поддршка од Владата на Северна Македонија.
На средбата беше отворена и темата за можноста за корекција на цената на услугите што ги пружа ова јавно претпријатие, што е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.








