-2.2 C
Skopje
21 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаГрадоначалникот на Струга Менди Ќура се сретна со фаќачот на Светиот крст...

Градоначалникот на Струга Менди Ќура се сретна со фаќачот на Светиот крст Петар Чакарески

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес оствари прием со фаќачот на Светиот крст, Петар Чакарески, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.


Во пријатна и пријателска атмосфера, градоначалникот му посака на Чакарески успешна, здрава и бериќетна година, нагласувајќи дека ваквите настани имаат особено значење за заедницата. Тој истакна дека празниците и традициите ги обединуваат граѓаните и претставуваат вистинска вредност за Струга, град во кој со почит и соживот живеат различни вери и култури.


Од Општина Струга порачуваат дека и во иднина ќе продолжат да ги негуваат меѓусебното разбирање, почитта и заедништвото како темели на едно силно и сплотено општество.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img