4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаГрипот зема замав, се полнат болничките капацитети

Грипот зема замав, се полнат болничките капацитети

- Advertisement -spot_img

Грипот се шири, но со почетокот на второто полугодие нема значителен број отсутни ученици, паралелките речиси се комплетни, ни рекоа од О.У „Кирил и Методиј“.

Министерката Јаневска е среќна што стапката на новозаразени не го одложи стартот на второто полугодие и вели нашите ученици до 15 г. имаат 900 часа помалку од нивните врсници во ЕУ.

Стартот на второто полугодие ќе ги наполни ординациите веќе од наредната недела. Лекарите остануваат на ставот препораките да се почитуваат, деца со симптоми да не одат во училиште и градинка.

Докторката Мицевска вели на нејзиното одделение на Детска клиника има 20-тина хоспитализирани деца, но за среќа ниту едно од нив не е на кислородна поддршка. Во клиниката за респираторни заболувања кај деца 70 деца се лекуваат во болница, 10 од нив се на кислородна поддршка, додека кај 15 е докажано присуство на грип, инфлуенца А. На клиниката за инфективни болести се лекуваат 30 пациенти.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје регистрирани се над 2.300 новозаболени што е за споредба со претходната недела зголемување за речиси 35%. Двајца пациенти починаа од грип оваа сезона.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img