2.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСДСМ: Владата нема пари за војниците, но има за криминални тендери

СДСМ: Владата нема пари за војниците, но има за криминални тендери

- Advertisement -spot_img

Владата предводена од Христијан Мицкоски две години нема обезбедено зголемување на платите за припадниците на Армијата, обвинија денеска од СДСМ, оценувајќи дека државниот буџет се троши на сомнителни тендери наместо на луѓето што ја бранат државата.

„Две години нема зголемување на платите во Армијата. Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту за војниците, ниту за кој било друг работник во државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од партијата посочуваат дека Владата нема средства за работниците, но има пари за, како што велат, криминални тендери и сомнителни зделки.

„161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините на ВМРО, 9 милиони евра за фирма со еден вработен и 1,2 милиони евра тендер преку Пошта – само за ова има пари Владата на Мицкоски“, обвинуваат од СДСМ.

Во соопштението се прави споредба со периодот кога СДСМ беше на власт, при што се наведува дека платите континуирано растеле во сите сектори.

„Седум години по ред платите се зголемуваа и парите завршуваа кај граѓаните, кај работниците, во семејните буџети. Денес, со ВМРО, парите не завршуваат кај граѓаните, туку во тендери“, наведуваат од партијата.

СДСМ предупредува и на сериозна состојба во државните финансии, оценувајќи дека буџетската дупка изнесува околу две милијарди евра.

„Дупката во буџетот е огромна – недостасуваат околу 2 милијарди евра. Тоа е резултат на криминалот со тендери, но и на погрешните политики на изолација, конфликти со стратешките партнери и водење на државата во погрешна насока“, се вели во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека токму ваквите политики ја довеле Македонија „на листата на САД заедно со Сомалија“.

„Одбраната на државата е сериозно и стратешко прашање. Владата мора да ги покачи платите на војниците. Како членка на НАТО, Македонија мора да има силна и стабилна одбрана, а тоа не е можно без задоволни, мотивирани и достоинствено платени војници“, порачуваат од СДСМ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img