домаМакедонијаКоњановски: Со новата апликација јавноста ќе има целосен увид во работата на...

Коњановски: Со новата апликација јавноста ќе има целосен увид во работата на зимската служба

- Advertisement -spot_img

Зима е, и очекувани се врнежи од снег, особено за овој наш регион. Зимската служба раководена од јавното претпријатие „Нискоградба“ е подготвена и технички и со човечки ресурси, како и со потребните количини сол и ризла за интервенција.

Денеска Општина Битола заедно со „Нискоградба“ прават чекор напред кон поголема транспарентност, односно увид на состојбите на терен.

Изработена е апликацијата „Битола-Зимска служба“ на која граѓаните во реално време ќе имаат можност да ја следат работата, односно која машина каде интервенира, на која улица, пат или населено место.

На десната страна ја има агендата со листата на возила, секое со регистарскиот број, брзината на движење и статусот.
Веруваме дека на овој начин и ние и граѓаните ќе бидеме во секој момент информирани како се одвива работата на Зимската служба“, соопшти градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img