2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПаузирани се само иселеничките визи за САД – Муцунски: Иселеничките визи не...

Паузирани се само иселеничките визи за САД – Муцунски: Иселеничките визи не се приоритет за владата и граѓаните

- Advertisement -spot_img

Иселеничките визи за Соединетите американски држави не се приоритетни визи за нашата Влада и граѓаните- вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по вчерашната одлука на нашиот стратешки партнер САД да престане со обработка на имигрантски визи за граѓаните од 75 земји, меѓу кои и за Македонија. Се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи- не станува збор за црна листа ниту за прекин и ова не влијае на сите други постапки за визи за во САД- објаснува Муцунски.

„Во врска со прашањето за иселеничките визи, точно е дека настапува една пауза. Ние сме во комуникација и со Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје, нашата Амбасада во Вашингтон комуницира со американскиот Стејт департмент, сакам да истакнам дека согласно нашите информации од конзуларна природа, најмал број на апликации кои што ги има во нашата држава се апликации за овој тип на визи и генерално се работи за граѓани од една повозрасна категорија. Така да комуницираме и за прашањето за иселеничките визи, напоменувам за сите друг тип на визи нема никакво ограничување. За иселеничките визи ќе изнајдеме некое соодветно решение“, вели Тимчо Муцунски.

Муцунски кажа дека од причини на доверливост не може да открие колку наши граѓани аплицирале за иселенички визи за САД во моментов. Доколку сте стопанственик кој сака да патува во САД – слободно можете да аплицирате за виза, доколку сте студент кој или сака да студира или да оди на „work and travel“ нема никаква пречка за вас. Доколку сакате туристички да го следите Светското првенство во фудбал оваа одлука нема да има никакво влијание врз вас“, вели министерот. Тој најави и изненадување во визната политика на САД кон Македонија.

„Оставете малку на времето, оставете на нашата комуникација, на фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и еве тоа што можам да го кажам е дека во следниот период, па можеби и во следните шест месеци, дополнително позитивно ќе се изненадите од тоа што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава, односно да почнеме да затвараме прашања кои што 20 години се обидувавме да ги затвориме“, вели Тимчо Муцунски.

Опозициската СДСМ пак обвинува – Владата води анти-ЕУ и анти-американска политика што ја води Македонија кон целосна изолација.

„Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…“, вели Јон Фрчкоски.

Од СДСМ велат паника е голема. САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата. Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции- велат од партијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img