Во повеќе региони на Албанија, македонската заедница традиционално ја одбележа Стара Нова година и празникот Свети Василиј Велики (Василица), кој според јулијанскиот календар означува почеток на новата година и е значаен православен празник.
Најмасовно одбележување беше забележано во црквата „Свети Василиј” во селото Леска, каде верници од Мала Преспа и пошироката околина присуствуваа на вечерна богослужба и Света Божествена Литургија. По службата, традиционално беше пресечена и василичарската погача, која се приготвува со паричка со желба за среќа во текот на годината.
На празничните богослужби служија локалните свештеници, а меѓу присутните беше и Васил Стерјовски, претседател на македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), кој им посака на присутните здравје, среќа и единство во новата година.
Празникот беше честитка од македонските здруженија „Илинден“ – Тирана и „Преспа“, како и од градоначалникот на Општина Пустец, со желби за бериќет и благосостојба во домовите на сите Македонци.
Освен во црковните објекти, во неколку македонски села во Албанија, како што се Мала Преспа, Голо Брдо и Врбник, традиционално се палеа огнови, се пееше и се чуваа старите обичаи поврзани со празнувањето на Василица.









