1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСредба Сали–Рокас: Европската интеграција останува врвен приоритет на Владата

Средба Сали–Рокас: Европската интеграција останува врвен приоритет на Владата

- Advertisement -spot_img

Министерот за европски прашања Беким Сали оствари средба со амбасадорот на Европска Унија, Михалис Рокас, на која ја истакна јасната и недвосмислена посветеност на Владата кон процесот на европска интеграција.


На средбата, министерот Сали нагласи дека интеграцијата во ЕУ и реформите поврзани со европската агенда остануваат врвен приоритет, со посебен фокус на испорака на конкретни резултати, зајакнување на институционалните капацитети и градење доверба кај граѓаните во процесот на пристапување кон Унијата.


Во разговорите беше потенцирана и важноста од континуирана и интензивна соработка со институциите на Европската Унија, како и потребата од одржување на позитивниот моментум на проширувањето преку ефикасна имплементација на реформите.


Соговорниците оценија дека успешното спроведување на реформската агенда е клучно за напредокот на земјата на европскиот пат и за остварување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img