-3.2 C
Skopje
3 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБитола се подготвува за Бадник: градоначалникот Коњановски со поддршка за бадниковата поворка

Битола се подготвува за Бадник: градоначалникот Коњановски со поддршка за бадниковата поворка

- Advertisement -spot_img

Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворка која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.

На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник денот кога низ центарот на градот со ѕвездите в раце ќе ја пеат Вечниот бог, најавувајќи го Христовото раѓање.

На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката.

Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img