Поради ниските температури, улиците во Тетово и околните села се покриени со мраз, што значително го зголемува ризикот од сообраќајни несреќи.
Градоначалникот Биљал Касами ги повикува сите жители да не ги напуштаат своите домови, ниту со возило ниту пешки, освен во најнеопходни случаи. „Патиштата се исклучително лизгави, евидентирани се бројни несреќи и постои реален ризик по животите и безбедноста на граѓаните“, истакнува Касами.







