домаМакедонијаЃорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата

Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата

- Advertisement -spot_img

Пристигна првата испорака – 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Денес пристигна првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка на контејнери во историјата на Скопје. Нивното распоредување низ градот започнува уште денес. Ги заменуваме скршените и дотраени контејнери, го зголемуваме нивниот број и обезбедуваме повеќе места за правилно одлагање на отпадот. Заедно со новите камиони, кои следната недела ќе бидат пуштени во работа, создаваме услови за побрзо и поефикасно собирање на сметот и почисти населби низ цело Скопје“, рече градоначалникот.

Додаде дека особено е важно тоа што за истите контејнери неговите претходници плаќале по 18.600 денари, а сега се набавени по двојно пониска цена.

Дополнително, рече Ѓорѓиевски, обезбедени се и 60 контејнери за селекција на стакло.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img