домаМакедонија33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие, четири активни, два под...

33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие, четири активни, два под контрола

- Advertisement -spot_img

Четири пожари на отворен простор се активни, два се ставени под контрола, а 27 се изгаснати во изминатото деноноќие. Вкупно се регистрирани 33 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Чашка, во селото Јаболчиште, на местото викано „Биков Гроб“, каде гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација, како и во Општина Липково, кај селото Стрима, на местото „Гури Куќ“, каде гори борова шума и ниска вегетација.

Пожар е активен и во Општина Прилеп, кај селото Дрен, каде гори мешана шума, како и во Општина Дебар, кај селото Горно Косоврасти, на местата „Крушно и Вложно“, каде е зафатена шума.

Под контрола се пожарите помеѓу селата Драчевица и Цветово во Општина Студеничани, на местото „Калдиред“, каде гори ниска вегетација, и на депонијата Краста во Општина Куманово.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img