Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, денеска остварија работна средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески.
На средбата беше разговарано за безбедносната состојба на територијата на Општина Битола во првите два дена од Новата година, со посебен акцент на новогодишната ноќ. Притоа беше констатирано дека не се евидентирани инциденти, ниту нарушувања на јавниот ред и мир, што укажува на мирен и безбеден почеток на 2026 година.
Градоначалникот Коњановски изрази благодарност за ангажманот и професионалноста на полициските службеници кои беа активно вклучени во обезбедувањето на организираниот дочек на Новата година кај Офицерскиот дом, при што безбедноста на граѓаните била на високо ниво.
Во рамки на средбата се разговараше и за идните планови и активности на СВР Битола, особено во делот на унапредување на безбедноста во сообраќајот, со цел зголемување на сигурноста на сите учесници и намалување на сообраќајните несреќи на подрачјето на општината.







