2.8 C
Skopje
2 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски во посета на Противпожарната единица во Битола: Новата година започна мирно

Коњановски во посета на Противпожарната единица во Битола: Новата година започна мирно

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вчера, на првиот ден од новата година, ја посети Противпожарната единица во Битола, каде што беше информиран за состојбата и интервенциите за време на новогодишната ноќ.

Од страна на командирот на вод и командирот на смена, градоначалникот беше запознаен дека во текот на новогодишната ноќ имало само една интервенција, што, според нив, е показател дека празникот поминал мирно и без поголеми инциденти.Во разговорот беше истакнато дека намалениот број интервенции е охрабрувачки и дека граѓаните покажале повисоко ниво на одговорност за време на прославите.


Инаку, како што е веќе познато, Противпожарната единица на Битола наскоро ќе добие нов, современ објект во просториите на поранешната касарна, каде што во моментов се одвиваат градежни активности. Новиот објект значително ќе ги подобри условите за работа и подготвеноста на пожарникарите за справување со итни ситуации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img