-7.2 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветДесетици загинати во пожар во бар во Швајцарија

Десетици загинати во пожар во бар во Швајцарија

- Advertisement -spot_img

Трагична прослава на новогодишната ноќ во Швајцарија. Неколку десетици загинати и преку 100 повредени во катастрофален пожар во познатиот ски-центар Кран-Монтана.

Пожарот избувнал околу 01:30 часот по полноќ во популарен бар додека се оддржувала новогодишна прослава …Причината за несреќата се уште се истражува иако швајцарската полиција првично соопшти дека настанала екслозија..Засега, отфрлена е можноста за терористички напад… Според дел од швајцарските медиуми, пожарот можеби бил предизвикан од пиротехнички средства кои биле употребени на забавата… 

Викторија

„Беше како хорор филм, кошмар. Видов луѓе во пламен. Една пријателка виде како еден човек се сопнува и паѓа на земја пред неа, дел од телото му беше изгорено… Честопати во ноќните клубови, тие земаат шишиња шампањ и ставаат свеќи во нив. Келнерка се качи на рамената на друга келнерка која носеше маска и го донесе шишето премногу блиску до таванот. Се запали многу брзо бидејќи таванот беше направен од дрво.. Имавме неверојатна среќа бидејќи бевме првите што го видовме пламенот и реагиравме. Само ги зграпчив чантата и палтото и истрчав и го предупредив обезбедувачот за пожарот. Кога тој слезе долу некои млади луѓе се обидоа да ја искористат ситуацијата за да влезат во клубот. “

Италијанското Министерство за надворешни работи повикувајќи се на локалните власти, соопшти дека најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени..Починатие и поврдените се жители на неколку држави ..Повеќето од повредените се здобиле со тешки изгореници а се уште трае идентификацијата на починатите..Поради големиот број, побарана е помош од соседните кантони за идентификација на жртвите … 

Стефан Ганцер – командант на кантоналната полиција на Вале

„Не можам да сокријам од вас дека сите сме потресени од она што се случи. Можам да потврдам дека околу 100 се повредени, од кои голем дел многу сериозно. За жал се претпоставува дека десетици луѓе се мртви“. 

Кантоналната влада во Швајцарија прогласи вонредна состојба. Мобилизирани се сите расположиви ресурси..На местото на  несеќата присутни се голем број на припадници на специјалните служби а во транспорт на повредените помагаат 10 хелихоптери, 40 амбулантни возила и 150 медицински лица…Многу од повредените имаат тешки изгореници, главниот медицински центар во  кантонот Вале е полн со пацианти а повредените веќе се испраќаат во болници во Цирих, Лозана, Сион, каде ќе им биде озовможен специјален третман за изгореници…Над Кран-Монтана е воведена и зона на забранети летови за да се олеснат спасувачките операции.

Андреа Еклеси  жител на Кран Монтана

„Луѓето врескаа, видовме црн чад, мирисаше ужасно. Брзата помош и пожарникарите пристигнаа многу брзо. Се облековме и се симнавме долу. Жителите на зградата излегоа во паника, се плашеа дека пожарот ќе се прошири на зградата. “

Сочуство до семејствата на жртвите испрати и швајцарскиот претседател. 

Гај Пармелин – претседател на Швајцарија

„Она што требаше да биде момент на радост се претвори во тага на Нова Година во Кран-Монтана што ја зафати целата земја и далеку пошироко.“ “

Кран-Монтана е едно од најпопуларните места за скијање и локација каде се оддржуваат трки од светскиот куп во алпско скијање.. Во февруари, градот треба да биде домаќин на најдобрите машки и женски скијачи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img