-0.2 C
Skopje
1 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска со новогодишна порака: 2026 со стабилни финансии и посилна економија

(ВИДЕО) Димитриеска-Кочоска со новогодишна порака: 2026 со стабилни финансии и посилна економија

- Advertisement -spot_img

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, упати новогодишна порака до граѓаните во која истакна дека годината што изминува била обележана со сериозна работа, внимателни одлуки и јасно поставена цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и граѓаните.


Таа нагласи дека во услови на глобални економски неизвесности е зачувана ликвидноста на буџетот, зајакната е довербата во финансискиот систем и обезбедена е финансиска стабилност.
Според министерката, во 2026 година фокусот останува на одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции. Како што посочи, Македонија ја започнува новата година постабилна, поорганизирана и со значително посилни економски темели.


Димитриеска-Кочоска им посака на граѓаните добро здравје, мир, лични успеси и радост во домовите, потенцирајќи дека ќе продолжи да работи посветено и одговорно во интерес на стабилна држава, сигурна иднина и подобар живот за сите.
„Среќна Нова година и нека 2026 биде година на напредок и спокој за секој дом“, порача министерката за финансии.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img