Кога зборуваат делата, политичката бучава замолчува. Денес Тетово зборува само за себе. Булеварот што го поврзува градот со Порој, Џепчиште и Теарце е реалност и јасен доказ дека со ВЛЕН развојот не останува само на зборови.
Со месеци имаше обиди секој проект да се релативизира, да се нарече пропаганда и сопствениот застој да се прикаже како политика. Денес реалноста ги демантира тие тврдења. Она што до вчера беше нарекувано „пат што не води никаде“, денес е препознаено како една од главните сообраќајни артерии на градот – факт што е видлив за сите.
Под раководство на Билал Касами, Тетово тргна по патот на развојот. Градот се поврзува, се отвора и добива поинаков ритам, затоа што конечно има локална власт која работи секојдневно во интерес на граѓаните.
Промените не се прават со бучава, туку со континуирана работа. А кога резултатите зборуваат, шпекулациите паѓаат сами по себе.
ВЛЕН продолжува напред, без да се осврнува на празни напади и без губење време на оправдувања, затоа што Тетово се менува – и тоа е процес што не може да се запре.







