Од првиот ден до последниот детал, пред крајот на 2025 година, Фудбалската федерација на Македонија заокружи уште еден значаен инфраструктурен проект. Целосно е обновен теренот број 1 во Тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Реконструкцијата опфати поставување нова дренажа, модерен систем за наводнување и комплетно нова тревна подлога, со што се создадени услови согласно највисоките стандарди.
Со оваа инвестиција, ФФМ обезбеди квалитетни услови за тренинзи и натпревари на македонските репрезентации, во согласност со потребите и очекувањата на националните селекции.







