3.8 C
Skopje
29 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаБојкоски порача: економски развој пред политички спектакли во Битола

Бојкоски порача: економски развој пред политички спектакли во Битола

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, реагираше по денешната седница на Советот, обвинувајќи ги опозициските советници за обид за политичка манипулација преку, како што рече, незаконски предложени точки на дневниот ред.

Според Бојкоски, опозицијата предложила повеќе „точки“ како наводни измени и дополнувања на дневниот ред, но станувало збор за амандмани кои, согласно Деловникот, не можат да се предлагаат на таков начин. Тој потенцира дека Советот постапил целосно законски, одговорно и транспарентно.

„Дневниот ред не е место за конфузија, туку за сериозна и одговорна работа во интерес на граѓаните“, истакна Бојкоски, додавајќи дека нема простор за импровизации и политички театар.

Тој нагласи дека раководството на Советот останува посветено на почитување на процедурите, институционалната одговорност и носење одлуки со долгорочна визија, а не со дневнополитички интереси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img