6.8 C
Skopje
29 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаФФМ ужива силна поддршка и висока доверба од јавноста за 2025 год....

ФФМ ужива силна поддршка и висока доверба од јавноста за 2025 год. – спроведено истражување според принципите на UEFA Good Governance

- Advertisement -spot_img

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ ги објавува резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, изработен врз основа на независно истражување на јавното мислење, кое не е нарачано од ФФМ, а е спроведено од агенцијата „Фјучар Инвест“ согласно европските стандарди за спортска аналитика и принципите на UEFA Good Governance Framework.

Истражувањето е реализирано на репрезентативен примерок од 1.563 испитаници, преку телефонски и онлајн интервјуа, со целосна географска покриеност на Република  Македонија, во периодот од 15 ноември до 5 декември 2025 година. Анализата обезбедува мерливи, валидни и објективни податоци за ставовите на јавноста за состојбите во македонскиот фудбал, довербата во институцијата, перцепцијата за раководството, селекциите и очекувањата за развојот до 2026 година.

Висока доверба во ФФМ

Резултатите покажуваат дека 78% од испитаниците имаат висока или многу висока доверба во ФФМ, што претставува исклучително позитивен показател во контекст на јавните институции. Дополнителни 12% се со неутрален став, додека само 10% изразуваат ниско ниво на доверба. Овие податоци потврдуваат стабилен институционален кредибилитет и широка јавна поддршка.

Транспарентност и отчетност

ФФМ е високо оценета во доменот на добро управување:

– 80% сметаат дека ФФМ постапува отчетно и одговорно

– 62% од испитаниците сметаат дека Федерацијата комуницира транспарентно

– 75% ја оценуваат транспарентноста како целосна или делумна

Негативните оценки во овој сегмент се движат меѓу 6 и 8%, што е значително под европскиот просек.

Перцепција за претседателот Масар Омерагиќ

Јавната поддршка за претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, е исклучително висока:

– 89% ја оценуваат неговата работа како добра или многу добра

– 57% ја оценуваат лидерската способност како многу висока

– 52% сметаат дека обезбедува многу стабилно управување

Негативните оценки се под 2%, што укажува на силен легитимитет и стабилност во раководењето – еден од клучните индикатори на УЕФА.

Интегритет и фер-игра

Истражувањето покажува исклучително позитивна перцепција за регуларноста и интегритетот:

– 86% сметаат дека ФФМ ги почитува принципите на фер-игра

– 76% веруваат дека натпреварите се секогаш или често регуларни

– Само 3% имаат негативна перцепција

Овие резултати ја позиционираат Македонија над регионалниот просек во овој сегмент.

Селектор и младински систем

Перцепцијата за тогашниот селектор е поделена, што укажува на висок јавен интерес и очекувања:

– 39% позитивни оценки

– 19% неутрални

– 42% негативни

Истовремено, 50% од испитаниците се задоволни од развојот на младинските категории, а 76% сметаат дека ФФМ инвестира во развојниот фудбал, што претставува силна основа за идни програми и реформи.

Домашна лига и клубови

– 60% позитивно го оценуваат квалитетот на домашната лига

– 40% позитивно ги оценуваат клубовите, со доминација на неутрални ставови

Овие резултати ја нагласуваат потребата од понатамошни инвестиции во инфраструктура, младински школи и професионализација.

Очекувања за 2026 година

Јавноста покажува умерен оптимизам:

– 48% очекуваат напредок

 -34% очекуваат континуитет

– 18% предвидуваат пад

Јасна поддршка за стратешкиот правец

Во однос на долгорочните политики:

– 71% веруваат дека тековните политики водат кон напредок

– 75% се задоволни од стратешкиот правец

– 87% би ја поддржале ФФМ и во наредните 12 месеци

Истражувањето потврдува дека ФФМ ужива висока доверба, стабилна јавна поддршка и позитивна перцепција во клучните сегменти на управување, интегритет и визија. Овие наоди претставуваат цврста основа за понатамошен развој на македонскиот фудбал, унапредување на институционалните процеси и зајакнување на меѓународниот кредибилитет на Федерацијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img