6.8 C
Skopje
27 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСојузот на музичари од северна Грција со поддршка за Банда Ентопика по...

Сојузот на музичари од северна Грција со поддршка за Банда Ентопика по скандалниот прекин на концертот во Лерин

- Advertisement -spot_img

Сојузот на музичари од Северна Грција јавно застана во поддршка на групата „Банда Ентопика“, остро осудувајќи ја одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат нивниот концерт.

Во соопштението, Управниот одбор на Сојузот оценува дека станува збор за неприфатлив чин кој директно ја нарушува слободата на уметничкото изразување и основното право на музичарите на работа и заработка. Од таму нагласуваат дека е недозволиво во денешно време музичари да бидат навредувани со вулгарен говор, да им се прекинуваат настапи и да се соочуваат со притисоци под изговорот „јас плаќам“.

Сојузот ваквото однесување го оценува како појава што не припаѓа ниту на најлошите примери од естрадната сцена и потсетува на практики од мрачни периоди на минатото. Посебно се критикува образложението дека бендот изведувал „славјански алиторијални песни“, што според Сојузот укажува на сериозен недостиг од историско знаење и културно ниво кај градоначалникот и лицата околу него.

„Музиката обединува, а не разделува“, се наведува во реакцијата, со потсетување дека државните граници утврдени по војните никогаш не можат да ги ограничат културните и музичките врски меѓу народите. Како примери се наведуваат заедничките музички традиции во Тракија, Епир, Албанија, како и во пограничните области со Северна Македонија и Бугарија.

Сојузот потенцира дека правото на самоопределување, особено преку уметноста, е неотуѓиво и неприкосновено човеково право. Во таа насока, јасно порачуваат дека целосно стојат зад „Банда Ентопика“ и се подготвени да им обезбедат институционална и правна поддршка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img