4.8 C
Skopje
26 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонија„Поздрав од Голо Брдо“ – првата разгледница што ја раскажува приказната за...

„Поздрав од Голо Брдо“ – првата разгледница што ја раскажува приказната за македонското наследство во Албанија

- Advertisement -spot_img

Од печат излезе првата разгледница со мотиви од македонското културно наследство во Албанија, со посебен акцент на традиционалните народни носии од регионот на Голо Брдо и соседните области.


Разгледницата содржи 12 фотографии од традиционалните носии што ги носеле Македонците од различни етнографски области, вклучувајќи ги Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, како и селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара. Делата на разгледницата се авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и главен уредник на весникот „Илинден“


Како што е информирано, ова издание било отпечатено со финансиска поддршка од семејството Ѓурѓај, а примероците ќе се дистрибуираат низ цела Република Албанија. Акцентот на разгледницата е зачувувањето и афирмацијата на богатата традиција и обичаи на македонското национално малцинство кое живее во оваа област.


Објавувањето на оваа разгледница е означено како значаен придонес за културното наследство и идентичност на Македонците во Албанија, особено во регионот на Голо Брдо, кој е дел од историски и етнографски важни простори каде што се негуваат и чуваат традиционалните вредности на заедницата.
Разгледницата претставува и прилика за поширока публика, како во земјата, така и надвор, да се запознае со разновидноста на македонските народни носии и нивното значење во културниот идентитет на македонското малцинство во регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img