5.8 C
Skopje
25 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаПоради магла намалена видливост на неколку патни правци

Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

- Advertisement -spot_img

Намалена видливост поради магла до 40 метри има на планинските премини Стража, до 30 метри на Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово и до 50 метри во Крушево.

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img