6.8 C
Skopje
25 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeЕкономијаВладината просечна потрошувачка кошница ќе ги „прескокне“ новогодишните празници, се чекале коментари...

Владината просечна потрошувачка кошница ќе ги „прескокне“ новогодишните празници, се чекале коментари од синдикатите

- Advertisement -spot_img

Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Министерството за економија и труд нема да стартува од почетокот на новата година, иако методологијата е готова. Ова денес на брифинг со новинарите го рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кој посочи дека методологијата за новата кошница е готова и е исратена до синдикатите и до работовачите од каде што се очекуваат да добијат коментари и предлози. 

„Доколку не добиеме одговор од нив, ќе почнеме да ја објавуваме кошничката. Методологијата е изработена од релеватни институции и сметаме дека ќе ги одрази реалните потреби на граѓаните“, вели Дурмиши, појаснувајќи дека методологијата за пресметка на просечната потрошувачка кошница на минатата седница на Економско социјален совет била доставена до сите членови.

Како што додаде тој, владината кошница не ја оспорува минималната синдикална кошница.

„Ние направивме една посеопфатна методологија која ќе ни покаже колку е просечната потрошувачка кошница на четиричлено семејство. Кога ќе добиеме повратна информација од синдикатите и од работодавачите, ќе ја поставиме како точка на дневен ред на седница на ЕСС“, истакна министерот Дурмиши.

Тој исто така посочи дека не се размислува за воведување мерки за ограничување на цените и на трговските маржи во пресрет на новогодишните празници и дека не гледа девијантни однесувања на трговците, односно прехранбените производи не биле многу покачени.

„Кога имаше девијантно однесување од страна на трговците преземавме мерки, но тие сепак беа краткорочни решенија. Засега нема потреба од такви мерки, бидејќи нема зголемување на цените на производите кои се употребуваат за празниците“, рече Дурмиши додавајќи дека Државниот пазарен инспекторат е постојано на терен и прави контроли.

Тој додаде дека во текот на годинава биле реализирани рекорден број контроли и изречени се казни во вредност од 2,5 милиони евра на трговци кои не го почитувале законот и ги зголемиле цените.

Во однос на горливата тема за зголемување на минималната плата, Министерот за економија го повтори ставот што го искажа по седницата на Економско социјалниот совет дека целта е стабилна економија која што ќе овозможи реален раст кој се темели на продуктивноста. Но продуктивноста, за жал, се уште ниска за да дозволи повисоки плати.

„Владата не е против зголемување на минималната плата, но нема простор за нејзино енромно зголемување, бидејќи тоа ќе разултира со зголемување на цените, односно инфлација и ќе предизвика финансиски тешкотии на малите и средни претпријатија“, рече Дурмиши.

Тој повтори дека како Влада ќе го почитуват евентуалниот договор на синдикатите и работодавачите, но сепак, не остави простор за вонредно зголемување на минималецот, односно дека во март ќе има редовно законско усогласување според порастот на инфлацијата и растот на просечната плата.

Тој најави силна економска агенда на Министерството за економија и труд во 2026 година и пред се старт на два многу важни економски закони.

„Од први јануари стартува Законот за вработување на сезонски работници, со кој пензионерите и студентите ќе можат да работат сезонски- периодично без да ги загубат своите социјални права“, рече тој.

На овој начин, како што посочи, ќе се намали сивата економија на пазарот на трудот и многумина ќе прејдат во легалната сфера. Сепак, за целосна примена во практика на овој закон ќе треба претходно да се усогласат и системите во Агенцијата за вработување и во Управата за јавни приходи.

Од Нова година почнува и примената на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој ќе овозможи отворање нови работни места и економски раст кој се базира на продуктивност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img