7.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН го отвори изборниот штаб во Гостивар – Невзат Бејта најави нова...

ВЛЕН го отвори изборниот штаб во Гостивар – Невзат Бејта најави нова ера на транспарентно управување

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН официјално ја стартува својата кампања за повторените локални избори во Гостивар, со свечено отворање на својот изборен штаб, каде што кандидатот за градоначалник Невзат Бејта ги презентираше своите клучни проекти за развој на градот.


На присутните, Бејта изложи амбициозни планови за Гостивар во следните четири години, вклучувајќи отворање на нов главен булевар, изградба на алтернативен пат што ќе го поврзе Форино со градот – со цел да се намали сообраќајниот метеж, особено во периодите на поголем прилив на жители и гости.


Во остар тон, тој упати критики кон досегашното локално раководство, тврдејќи дека во претходниот период биле направени злоупотреби на средства, со значително повисоки трошоци за инфраструктура и недоволно реализирани капитални проекти. Бејта нагласи дека долгот на општината изнесува над 30 милиони евра, при што наплатата од комунални такси и дозволи достигнала околу 27 милиони, без јасно објаснета намена на тие средства.


„На 11 јануари, на оваа лоша власт ќе ѝ дојде крајот. Ќе се врати чесната, транспарентна работа во служба на граѓаните“, порача Бејта, најавувајќи крај на, како што рече, системот на криминал и урбана мајија и најавувајќи дека секој што злоупотребил јавни средства ќе сноси одговорност.


На отворањето зборуваше и Азир Алиу, кој истакна дека Бејта има капацитет и искуство да го води Гостивар кон подобри услови за живот, како и претседателот на централниот изборен штаб, Аднан Азизи, кој ја пофали одлучноста за политичка сигурност и стабилност.


Локалниот штаб ќе го предводи Бахар Шабани, кој ќе ја координира кампањата до изборниот ден на 11 јануари 2026 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img