3.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаНовогодишна приредба на учениците од „Кочо Рацин“ ја збогатија Зимската приказна во...

Новогодишна приредба на учениците од „Кочо Рацин“ ја збогатија Зимската приказна во Битола

- Advertisement -spot_img

Учениците од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ја збогатија битолската празнична магија со својата традиционална новогодишна приредба, дел од овогодинешната манифестација „Зимска приказна“.

На сцената во Центарот за култура, малите уметници ги оживеаја „Новогодишните желби на Анабел“ – приказна за мало теле што стана ирвас и момче кое повторно го најде својот глас, емотивна порака за добрината, надежта и љубовта.

Преку театарската игра и уметничките настапи, учениците посочија дека празниците се време не само за желби, туку и за дарување. „Да бидеме поддршка, да бидеме насмевка, да бидеме ѕвездена светлина. Нека оваа празнична приказна потсетува на вистинските вредности и ни дава верба во чудеса“, порачаа младите актери.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој заедно со директорката Драгана Кирковска доби благодарница, новогодишна честитка и украс изработени од учениците, како знак на признание за нивниот труд и посветеност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img