3.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСоветот на Општина Битола во понеделник решава за Буџетот 2026 год, ФК...

Советот на Општина Битола во понеделник решава за Буџетот 2026 год, ФК „Пелистер“, мерки за поддршка на здруженија

- Advertisement -spot_img

За в понеделник, 29 декември, закажана е 4-та седница на Советот на Општина Битола, на која советниците ќе расправаат по вкупно 87 точки на дневниот ред.

Како прва точка е предвидено донесување заклучоци против дезинформациите поврзани со наводни мигрантски кампови. На дневен ред ќе се најде и Одлука за давање согласност и овластување за потпишување прелиминарен преддоговор за стратешко и инвестициско партнерство на ФК „Пелистер“ АД Битола.

Советот ќе одлучува и за давање на користење без надоместок простории во сопственост на Општина Битола, за период од 10 години, на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ Битола, КУД „Илинден“ Битола, Асоцијацијата за фолклор „Плетенка“ Битола и Здружението Ансамбл за фолклор „Гоце Делчев“ Битола.

Дополнително, ќе се разгледуваат и одлуки за користење без надоместок простории за период од три години за Центарот за развој на Ромската заедница „Баирска светлина“ Битола, како и за период од две години за Здружението на пензионери на Битола.

На последната седница на Советот во оваа календарска година, пред советниците ќе се најде и Буџетот на Општина Битола за 2026 година.

Од денеска започнаа и комисиските расправи, кои, како и седниците на Советот, можат да се следат во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Општина Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img