2.8 C
Skopje
23 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: Гостивар и Врапчиште имаат потреба од работа, развој и одговорно управување

ВЛЕН: Гостивар и Врапчиште имаат потреба од работа, развој и одговорно управување

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН ја продолжува консолидацијата на своите изборни структури во пресрет на локалните избори закажани за 11 јануари, порачувајќи дека општините не смеат да бидат прибежиште за политичко преживување, туку институции во служба на граѓаните, развојот и конкретната работа.


Од ВЛЕН посочуваат дека во Гостивар, граѓаните јасно паметат кога последен пат имало сериозна и одговорна работа – за време на раководењето на Невзат Бејта. Според коалицијата, денес градот се соочува со последици од импровизација и застој, поради што е неопходно враќање на функционалноста и фокусот на економски развој и отворање работни места. Во таа насока, како дел од зајакнувањето на изборната организација,

Бахар Шабани е назначена за раководител на изборниот штаб во Гостивар.
Во Врапчиште, пак, од ВЛЕН велат дека постои јасна потреба од поголемо внимание, развој и подобар квалитет на живот. Зулхајрат Демири, независен кандидат поддржан од ВЛЕН, е оценет како обединувачка фигура со широка граѓанска поддршка. Таа доверба, според коалицијата, се одразува и во организацијата на кампањата, каде Буњамин Кадриу е избран за раководител на изборниот штаб.


Од ВЛЕН нагласуваат дека изборите на 11 јануари претставуваат јасен избор – меѓу работа и импровизација, одговорност и политичко преживување. Коалицијата порачува дека ќе остане на страната на граѓаните, работниците и сите кои бараат функционални општини и подобар живот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img