1.8 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСуперхикс ја отвори „Зимската приказна“ со концерт кај Офицерскиот дом во Битола

Суперхикс ја отвори „Зимската приказна“ со концерт кај Офицерскиот дом во Битола

- Advertisement -spot_img

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на новогодишните празници.


Бројни посетители уживаа во музичката вечер и празничната атмосфера, а концертот беше дел од првиот ден на програмата што се реализира на повеќе локации низ градот. Покрај „Супер хикс“, во текот на вечерта настапија и други музички изведувачи, со што беше понудена разновидна програма за сите генерации.


Настанот се одржа во рамки на „Зимска приказна“, најголемиот зимски фестивал во Македонија, кој опфаќа концерти, културни настани, детски содржини и празнични активности, што ќе траат до почетокот на јануари.


Организаторите информираат дека програмата продолжува и во наредните денови со бројни музички, културни и забавни настани, а Битола и понатаму ќе биде во знакот на празничната магија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img