4.8 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаРистовски за МИА: Министерството не создава резултати, туку услови за спортски успеси

Ристовски за МИА: Министерството не создава резултати, туку услови за спортски успеси

- Advertisement -spot_img

Министерството за спорт не може директно да креира спортски резултати, бидејќи тие се производ на работата на федерациите, клубовите и тренерите, но може и мора да обезбеди подобри услови за спортистите кои ги носат успесите, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за МИА, во кое направи осврт на досегашната работа и ги најави приоритетите за наредниот период.

Според Ристовски, клучните приоритети на Министерството се носењето на нов Закон за спорт, подобрување на спортската инфраструктура и воспоставување поефикасен и поправеден систем за распределба на државните средства и субвенции, со цел стимулирање на поголем број спортски резултати.

„Ние не сме креатори на спортските успеси. Успесите ги прават спортистите, клубовите и тренерите. Нашата улога е да ги поддржиме вистинските спортисти и вистинските клубови, да создадеме законска рамка и инфраструктура која ќе остане трајна вредност во општеството и ќе овозможи развој на спортот“, нагласи Ристовски.

Тој посочи дека за релативно краток период – една до една и пол година – Министерството за спорт направило значајни чекори во реформскиот процес, трансформирајќи институција која, како што рече, била на многу ниско функционално ниво.

„Станува збор за институција која беше со сериозни проблеми, со вработени и раководни лица под обвиненија. Денес можеме да зборуваме за поставување темели за поинаков начин на функционирање. Дали сме стигнале до европски стандарди? Не целосно, но ова е почеток и верувам дека од година во година ќе се движиме нагоре“, истакна министерот.

Ристовски оцени дека недостатокот на спортски резултати во изминатите години, освен поединечни успеси, е последица на нефункционален систем кој со децении не бил реформиран, што, како што рече, сега е во фаза на промени.

„Реформите значат вистинска поддршка и вложување во млади и талентирани спортисти, вложување во клубовите кои навистина работат и, пред сè, сериозно инвестирање во спортската инфраструктура. Без соодветни услови не може да се очекуваат врвни резултати“, нагласи тој.

Министерот додаде дека процесот на реформи не може да донесе резултати преку ноќ, но веќе се забележуваат првите позитивни промени, особено во делот на инфраструктурата.

„Убеден сум дека во наредните неколку години ќе имаме значително повеќе успеси, и во индивидуалните и во колективните спортови. Со подобри услови ќе се зголеми бројот на деца кои се занимаваат со спорт, а клубовите ќе имаат поголем избор на таленти и кадар, што е предуслов за повисоки спортски достигнувања“, порача Ристовски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img