4.8 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКоњановски ја најави „Зимска приказна“ во Битола: Над 200 часа програма, содржини...

Коњановски ја најави „Зимска приказна“ во Битола: Над 200 часа програма, содржини за сите генерации

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска ја презентираше програмата на традиционалната манифестација „Зимска приказна“, која и оваа година ќе донесе богата културно-забавна понуда и ќе го оживее градот во пресрет на новогодишните празници.

На прес-конференцијата, Коњановски истакна дека Битола веќе е во празничен ритам и дека „Зимска приказна“ прерасна во најголемиот зимски фестивал во државата, со програма наменета за сите генерации. Настаните ќе се одвиваат на повеќе локации низ градот, меѓу кои платото пред Офицерскиот дом, плоштадот „Магнолија“, Старата чаршија, Кино „Манаки“, Центарот за култура, Безистенот, Магазата, спортската сала „Боро Чурлевски“, Копанки и други културни и јавни простори.

Според најавите, годинава се предвидени над 200 часа програма, од кои околу 35 часа детска програма. Во манифестацијата ќе учествуваат 67 бендови, повеќе од 20 соло изведувачи, пет фолклорни друштва, како и две градинки и 11 основни училишта од општината.

Во рамки на „Зимска приказна“ ќе има концерти, детски претстави, кино на отворено, изложби, фолклорни настапи, хуманитарен новогодишен базар, спортски настани, како и новогодишна програма на 31 декември, која ќе кулминира со музички настапи и дочек на Новата 2026 година. Програмата ќе продолжи и по Нова година, заклучно со 5 јануари.

Градоначалникот посебно ја нагласи континуираната соработка со општествено одговорни компании, кои и оваа година се вклучени како поддржувачи на манифестацијата. Како значаен пример беше истакната донацијата за целосно озвучување и осветлување на настаните, што, како што рече Коњановски, значи дека за овој сегмент општината нема да има финансиски трошоци. По завршувањето на манифестацијата, најави тој, финансиската конструкција ќе биде јавно и транспарентно објавена.

На прес-конференцијата се обратија и директорот на ЈОУ КИЦ Битола, Благојче Божиновски, и директорот на ЈП „Паркинзи“, Зоран Михајловски, кои ја потенцираа добрата меѓуинституционална и јавно-приватна соработка во реализацијата на „Зимска приказна“. Тие истакнаа дека и оваа година сите расположливи ресурси се ставени во функција на празничното заживување на градот, со посебен акцент на содржините за најмладите, меѓу кои и атракцијата – возот „Мечо“.

„Зимска приказна“ официјално започнува утре, а организаторите ги повикуваат граѓаните и посетителите заеднички да уживаат во празничната атмосфера и богатата програма што ќе ја понуди Битола во наредните денови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img