5.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПроданоски на терен: Во Прилеп започна откупот на тутун, просечната цена повисока...

Проданоски на терен: Во Прилеп започна откупот на тутун, просечната цена повисока од лани

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денес го посетија откупниот пункт на Тутунскиот комбинат – Прилеп, каде директно се запознаа со текот на откупната кампања во регионот.

Проданоски истакна дека тутунопроизводството е длабоко вкоренето во прилепската традиција, но и клучен носител на локалната економија. Прилеп е водечки регион во државата по производство на тутун, а повеќе од половина од вкупниот број тутунопроизводители потекнуваат токму од овој крај. Оваа земјоделска култура обезбедува егзистенција за илјадници семејства и значително придонесува за економскиот развој на општината.

„Како градоначалник стојам цврсто на заложбата за поддршка на нашите производители,“ изјави Проданоски, нагласувајќи дека заедно со министерот Трипуновски и директорот на Тутунскиот комбинат – Прилеп, Александар Алексоски, ќе продолжат будно да ја следат состојбата со откупот и ќе се залагаат за фер вреднување на трудот.

Тој додаде дека локалната самоуправа има јасна цел – јакнење на економската стабилност на Прилеп и обезбедување сигурна иднина за производителите, кои се меѓу носечките столбови на локалниот економски развој.

Според податоците на Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над еден милион килограми тутун, а просечната цена по килограм изнесува 419 денари, што претставува зголемување од речиси 20 денари во однос на минатата година. Проданоски го оцени овој пораст како позитивен сигнал, но нагласи дека остануваат посветени на тоа вредниот труд на тутунарите да биде достоинствено награден.

„Ќе продолжиме активно да ги застапуваме интересите на тутунопроизводителите пред сите надлежни институции и да работиме на создавање подобри услови за нивниот труд,“ порача градоначалникот Проданоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img