3.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВо битолското ОУ „Кочо Рацин“ одбележан 3 Декември: Инклузијата не е опција...

Во битолското ОУ „Кочо Рацин“ одбележан 3 Декември: Инклузијата не е опција – таа е заедничка обврска порача Коњановски

- Advertisement -spot_img

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ во Битола се одржа панел-дискусија на тема „Биди промена, биди поддршка – со перспектива, иновација и заедничка акција до успешна едукација и рехабилитација“. Централната порака од настанот беше јасна: „Инклузијата не е опција – таа е наша заедничка обврска.“

Панелистите говореа за значењето на гледањето на личноста пред дијагнозата, за улогата на родителската перспектива во процесот на рехабилитација, за иновативните практики во услови на ограничени ресурси, како и за применливи модели од домашни и меѓународни искуства.

Настанот започна со поздравен говор на директорката на училиштето, Драгана Кирковска. На дискусијата се обрати и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ја истакна заедничката одговорност на заедницата во градењето инклузивна и достапна општина.

„Овој ден не е само потсетник, туку и поттик да продолжиме со конкретни чекори во унапредувањето на инклузивните политики. Во изминатиот период, Општина Битола работи на развивање пристапна инфраструктура, подобрување на образовните услуги, поддршка на ресурсните центри и соработка со училиштата и граѓанските организации. Наш приоритет е секое дете и секој млад човек со попреченост да добие навремена, квалитетна и персонализирана поддршка“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи да инвестира во програми кои промовираат еднаквост, пристапност и активно учество: „Инклузијата не е само политика – тоа е јадро на развојот на современа и хумана заедница.“

Во делот посветен на заедничката акција, учесниците разговараа за пречките во тимската работа, за стабилноста на тимови составени од психолог, дефектолог, родител и училиште, како и за градењето култура на соработка наместо индивидуални напори.

На панелот учествуваа инклузивни дефектолози од редовните училишта, претставници на Центарот за поддршка, доктори од Здравствениот дом, професори од Славјанскиот Универзитет и Високата медицинска школа, Регионалното тело – МКФ, битолските градинки, Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Битола и Заводот за ментално здравје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img