HomeМакедонијаДобро чистење на оџаците за да нема пожари

Добро чистење на оџаците за да нема пожари

- Advertisement -spot_img

Добро да се ичистат оџаците со цел да нема пожари во екот на грејната сезона, апелираат од ТППЕ Штип. Командирот Благој Ренџов советува, грејните тела и оџаците секогаш приоритет за сите корисници на дрва, со цел да нема несакани последици. Иако на почетокот на декември бројот на пожари настанти од оџаци е сепак намален во споредба со минатите години, сепак појавата е неминовна. За М-Нет телевизија истакна дека пожарите настануваат поради запушување на оџакот, а причините се повеќе.

,,Па вака, со самото започнување на грејната сезона, оваа година сме на почетокот на грејната сезона, но за среќа имаме намален број на интервенции од запалени оџаци. Претежно луѓето се загреваат со помош на електрична енергија и на други грејни тела. Апелот останува секако ист. Значи секогаш пред употреба на огревни дрва, треба добро да се проверат грејните тела и да се добро исчистат оџаците. Пожарите претежно настануваат од неддобро исчистени оџаци, имаме запушување на оџакот и запалување на истиот.“, рече Ренџов

Ренџов вели мокрите дрва се најчеста причина за да оџаците се запушени, а потоа и за предизвикување на пожар. Апелира граѓаните да бидат претпазливи и да внимаваат во своите чекори.

,,Претежно до запушување на оџаците влијаат мокрите дрва. Моментално не, со заладувањето на самото време имаме намален број на интервенции во овој дел од годината.“, рече Ренџов

Како што велат од ТППЕ Штип за среќа засега бројот на интервенции е намален. Покрај што е намален бројот на интервенции од ваков тип, од таму посочуваат дека е намален бројот и на остатните видови на интервенции а тоа е одраз од падот на температурите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img